|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Запленети над 12 кг. морфиум на ГП Табановце
Скопје - 2008-07-05
Македонската полиција наГраничниот премин Табановце во возило „ауди 100“ со швајцарски регистарскитаблички заплени пове е од 12 килограми морфиум.
Како што соопшти Министерствотоза внатрешни работи, морфиумот бил откриен вчера во возилото управувано од Ш. Е. (51) македонски државјанин роден во Струга, кој моментно живее во Фламат -Швајцарија.
Тој во автомобилот бил заедно сосопругата Љ. Е. (52) и пет годишниот внук. Со помош и на техниката со која шторасполага царинската управа, извршена е контрола на возилото при што ворезервоарот за гориво пронајдени се 23 пакувања со неправилна цилиндричнаформа, со поединечна тежина од по околу половина килограм, облепени соселотејп.
Одземените пакувања се предаденина вештачење во Одделот за криминалистичка техника, од чија лабораторија еутврдено дека се работи за 12 килограми и 119 грама наркотична дрога – морфиум, со исклучително висок процент на чистота.
Инаку морфиумот се добива сопреработка на опиумот, а подоцна служи како дериват за добивање на хероин.
Според досегашните сознанија, морфиумот требало да се транспортира во Швајцарија и истиот бил наменет запазарот на Западна Европа, каде вредноста би достигнала преку 250. 000 евра.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-10-11 Месиќ: Постои опасност за нова војна на Балканот ... повеќе
2008-10-11 Јерг Хајдер загина во сообраќајна несреќа ... повеќе
2008-10-11 Германија подготвува план за делумна национализација на банките ... повеќе
2008-10-11 Месиќ и Санадер најавија пакет антимафијашки закони ... повеќе
2008-10-11 Нова бензиска станица на Лукоил ... повеќе
2008-10-11 Црна недела за паметење на Македонска берза ... повеќе
» Останати топ вести
|
|