|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Црвенковски со апел за фер и демократски избори
Скопје - 2008-05-30
Претседателот Бранко Црвенковскиги повика лидерите и раководствата на политичките партии, како и челните луѓе на институциите задолжени заспроведување на изборите, да обезбедат фер и демократски избори.
„Да не заборавиме дека првиот чекор, првиот критериум кој на тој пат треба да го совладаме е одржувањето на мирни, фер и демократски избори“ се вели во пораката на Црвенковски.
Тој се осврна и на предизборнатакампања на партиите, нагласувај и дека и покрај предупредувањата од меѓународниотфактор, сепак во кампањата не изостанале инцидентите.
„Оваа слика, ако не целосно, тогаш барем во одредена мера е може да се поправи само доколку задутре имамебеспрекорен изборен ден; ако низ целата земја владее мирна и демократскаатмосфера; ако на секој наш граѓанин му овозможиме слободно, по сопствена совести без било какви притисоци и закани, да ја искаже својата определба и доверисвојот глас“, потенцира македонскиот претседател.
Тој уште еднаш ги повикамакедонските граѓани во недела масовно да излезат на гласачките места и да гоискористат своето демократско право.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-08-21 Нимиц – Шансата за напредок да не се пропушти ... повеќе
2008-08-21 Најмалку 114 загинати во поплави во Индија ... повеќе
2008-08-21 Македонскиот премиер ја обвини Грција за саботажа на преговорите за името ... повеќе
2008-08-21 Голем интерес за концесии за патишта ... повеќе
2008-08-21 Декларација за заштита на Охридското Езеро ... повеќе
2008-08-21 САД и Ирак близу до договор за иднината на американските сили ... повеќе
» Останати топ вести
|
|