|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Условна казна за случајот „Косово за патики“
Белград - 2008-05-28
Двете белграѓанки, коистанаа „популарни“ со извршените кражби за време на протестите по поводкосовската независност, добија условни затворски казни.
Ова е епилогот од судскиот процес за случајот„Косово за патики“, кој доби голем публицитет во пошироката јавност порадиначинот и моментот на кражбата.
Додека во центарот на Белград огромен број на луѓеод цела Србија протестираа против прогласувањето на независноста на Косово, двете блондинки, сакај и да го искористат општиот метеж, „олеснија“ неколкупродавници во центарот на градот.
Случајот стана на далеку познат, по тоа што додекадевојките краделе, случаен минувач ги следел и ги снимал со телефонска камера, по што снимката е публикувана на интернет.
Клипот наречен „Косово за патики“ беше далекунајгледан, а пове е телевизии го емитуваа во ударните вести.
Врз основа на снимката, Јована Петрови (19) и Маја Трбојеви (20) беа обвинети за сторено кривичнодело тешка кражба.
Двете се осудени на десетмесеци затвор, условно на четири години. Судијката во образложението напресудата навела дека на девојките им се земени олеснителни околности каконивната младост, фактот што го признале делото и рекле дека се каат.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-10-07 Грција со најмногу сиромашни работници во ЕУ ... повеќе
2008-10-07 Американскиот секретар за одбрана пристигна во Охрид ... повеќе
2008-10-07 Експерти на НАТО ќе го обновуваат воениот потенцијал на Грузија ... повеќе
2008-10-07 Ватикан стана 187. член на Интерпол ... повеќе
2008-10-07 Околу 60 илјади авганистански бегалци протерани од Пакистан ... повеќе
2008-10-07 Корејска компанија ќе гради фабрика за LCD монитори ... повеќе
» Останати топ вести
|
|