ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Македонија
Тропските горештини денеска го достигаат врвот
Скопје - 2008-05-28
 
Тропскитегорештини што неделава ја зафатија Македонија, се очекува денеска да годостигнат својот врв.

Споредметеоролозите, денеска се очекува живата во термометрите да се искачи до 38степени Целзиусови, што претставува висока температура дури и за летнитемесеци, а не пак, за крајот на мај.

Поради енормновисоките температури, зголемен е и бројот на посети на доктор. Лекаритепрепорачуваат хроничните болни, како и срцевите болни, без поголема потреба дане излегуваат од дома, а се препорачува и конзумирање на течности.

Во последните 15 години се регистрирани и 12последователни најтопли години на глобално ниво. Се очекува како директнапоследица на глобалното затоплување на регионално и локално ниво, особено воСеверната хемисфера да се зголеми појавата на "бранови на жештина".

Се очекува зголемување на морталитетот иморбидитетот поврзан со високите температури посебно во урбаните средини, воконтекст на негативна урбанизација.

Најважни метеоролошки надразнителни фактори коиделуваат врз здравјето на луѓето се: термичкото влијание, ветровите, различниформи на сончево зрачење, како и промените на воздушниот притисок.

Сепак, ве е одутре метеоролозите најавуваат продор на посвеж бран и благо намалување натемпературите, со можност за нестабилно време и врнежи и грмотевици вопопладневните часови.

Порадивисоките температури последниве денови се зголемува ризикот од избувнувањепожари на отворени места.

Центарот зауправување со кризи упатува апел до граѓаните да внимаваат при евентуалнитепосети и работни активности во шумите и други локации со обрасната илинеобрасната шума и притоа да не користат запаливи материи, кои можат дапредизвикаат пожар од пошироки размери.

„Истовремено, ги потсетувамеграѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оганили дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции иустанови или да се јават на телефонскиот број 195, како број за итни повици наЦентарот за управување со кризи. Апелираме до населението овој број да не сезлоупотребува за лажни повици, кои би предизвикале несакани последици по мирот, спокојството ибезбедноста на граѓаните“, се вели во апелот од ЦУК.
 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-08-20
Стравувања за 150 загинати во авионската несреќа во Мадрид ... повеќе

2008-08-20
Работодавците да го намалат работното време заради жештините ... повеќе

2008-08-20
Истрага за незаконски трансплантации ... повеќе

2008-08-20
Момче и девојка се удавија во Охридското езеро ... повеќе

2008-08-20
Анкета му дава предност на Меккејн пред Обама ... повеќе

2008-08-20
Загинаа 140 лица во авионска несреќа во Мадрид ... повеќе

» Останати топ вести