|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
ОН: Социјалните и економските проблеми преовладуваат во Косово
Приштина - 2008-05-27
Косовските жители сметаат дека најголемитепроблеми со кои што се соочуваат се од социјалната и економската сфера, откакоКосово прогласи независност на 17. февруари.
„Над 70 отсто од граѓаните сметаат деканевработеноста, сиромаштијата и високите цени се главните проблеми во Косово“, покажуваат анализите од извештајот на Програмата на Обединетите нации (ОН) заразвој, спроведени во април и мај, оваа година.
„Бројките покажуваат дека Косоварите ги променилесвоите приоритети, така што според нив, наместо од политичките теми, главнитепроблеми во Косово доаѓаат од секојдневниот живот“, соопшти Фрод Мауринг, директор на бирото на Програмата за развој на ОН во Косово.
Невработеноста во Косово се движи од 40 до 50 отстомеѓу активното население, додека 37 отсто од околу два милиона луѓе живеат подпрагот на сиромаштијата со по 1, 5 евро на ден, соопшти Светската банка. Околу15 отсто од косовското население живее со помалку од едно евро на ден.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-08-21 Нимиц – Шансата за напредок да не се пропушти ... повеќе
2008-08-21 Најмалку 114 загинати во поплави во Индија ... повеќе
2008-08-21 Македонскиот премиер ја обвини Грција за саботажа на преговорите за името ... повеќе
2008-08-21 Голем интерес за концесии за патишта ... повеќе
2008-08-21 Декларација за заштита на Охридското Езеро ... повеќе
2008-08-21 САД и Ирак близу до договор за иднината на американските сили ... повеќе
» Останати топ вести
|
|