|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Свет
Зголемени директните инвестиции на и во ЕУ
Луксембург - 2008-05-19
Директните странски инвестиции наЕвропската унија во трети земји лани се зголемиле за 53 проценти на 420милијарди евра. Ова денеска го соопшти Евростат, додавај и дека инвестициите од трети држави во ЕУ во 2007 година се зголемилеза дури 89 проценти на 319 милијарди евра. Директните инвестиции во рамките наЕУ во истиот период пораснале за 13 насто. Членките на ЕУ лани најмногуинвестирале во САД (113 милијарди евра), во Канада (58 милијарди евра) вооф-шор центрите (84 милијарди евра), во Швајцарија (34 млрд евра), Русија (17млрд евра) и Индија (11 млрд евра). Истовремено најголем инвеститор воЕУ е САД со 145 милијарди евра, па следуваат оф-шор центрите (98 млрд евра), Швајцарија (29 млрд евра), Јапонија (18 млрд евра), Индија (10 млрд евра) и Канада(9 млрд евра). Најмногу инвестиции потекнуваат одВелика Британија (29 насто) и од Луксембург (19 насто) и Германија (12проценти).
Најголем дел од инвестициите завршиле во Велика Британија (27 насто) воЛуксембург (16 насто) и во Франција (7 проценти).
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-10-11 Турција бомбардираше курдски цели во Ирак ... повеќе
2008-10-11 Дачиќ –Признавањето на Македонија да се врати на БЈРМ ... повеќе
2008-10-11 Месиќ: Постои опасност за нова војна на Балканот ... повеќе
2008-10-11 Јерг Хајдер загина во сообраќајна несреќа ... повеќе
2008-10-11 Германија подготвува план за делумна национализација на банките ... повеќе
2008-10-11 Месиќ и Санадер најавија пакет антимафијашки закони ... повеќе
» Останати топ вести
|
|