|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Светски Ден на СОС линии за заштита на децата
Скопје - 2008-05-17
Над 16, 000јавувања се регистрирани на бесплатната СОС линија за помош и заштитата надецата во Македонија во изминатите 15 години. Ова го соопшти Првата детска амбасада во светот Меѓаши, по повод 17 мај - Меѓународен денна СОС линиите за помош на децата.
Според податоците наАмбасадата, нејзиниот СОС телефон за деца и млади минатата година одговорил на 361повици.
Причините поради коидецата во 2007 година се јавиле вклучуваат проблеми поврзани со семејни односи(24, 6 отсто), злоупотреба и насилство врз деца (13, 4), комерцијалнаексплоатација/проституција, педофилија, питачење (9, 3), и финансиски проблеми (7, 4). Најголемиотброј на јавувања поврзани и поттикнати од семејните односи биле: семејнонасилство, разводи, недоразбирања помеѓу родители и деца, нарушени семејниодноси (алкохолизам, тешка економска состојба. . . ).
Насилството за кое сејавуваа децата се случувало најчесто во училиштата, семејството, на улица.
Во однос на минатата година, зголемен е процентот на јавувањата за семејни односи (за 15, 36%), економскаексплоатација на деца ( за 7, 43%), сексуалност (5, 49%) со тоа што во 2006 немавоопшто јавувања за оваа проблематика).
Истовремено, намален епроцентот на јавувања за училишни проблеми (за 3, 57%), за љубовни релации (за13, 12%), информации за СОС телефонот за7, 93%).
Овогодинешното мото на 17 мај е: „Поврзување надецата“, преку можноста да користат телефони, компјутери, радио програми ителевизија, и пове е различни начини за да добијат помош и подршка.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-10-11 Месиќ: Постои опасност за нова војна на Балканот ... повеќе
2008-10-11 Јерг Хајдер загина во сообраќајна несреќа ... повеќе
2008-10-11 Германија подготвува план за делумна национализација на банките ... повеќе
2008-10-11 Месиќ и Санадер најавија пакет антимафијашки закони ... повеќе
2008-10-11 Нова бензиска станица на Лукоил ... повеќе
2008-10-11 Црна недела за паметење на Македонска берза ... повеќе
» Останати топ вести
|
|