ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Македонија
Македонска стока во голем шверцерски канал во Турција
Истанбул - 2008-05-12
 
Триесет и шест шлепери со стока увезена од Македонија, Грција и Германија вовредност од 1, 2 милиони долари кои влегле во Турција „испариле” без да ги поминати исполнат царинските формалности и обврски на царинскиот терминал Халкали воИстанбул.

Ова го соопшти главната управа на турскитецарини, која изврши инспекциска контрола врз основа на една анонимнапријава, јави дописникот на Макфакс.

Управата утврди дека во последните двегодини, преку граничните премини Капикуле и Ипсала, во Турција влегле 36 ТИРкамиони со медицински порцелан, наочари за сонце и делови за текстилни машинисо фалсификувана документација.

Во истрагата е утврдено дека камионите уредно влеглена споменатите гранични премини, од каде биле упатени на царински преглед натерминалот во Халкали.

Меѓутоа, дополнително е утврдено дека камионите воопштоне се појавиле на овој терминал, а стоката била внесена во Турција на диво, врзоснова на фалсификувана документација, на која се прикажува дека тие биле воХалкали и дека се исполнети сите царински формалности.

По трага на делот од влезната документацијата којапостои на граничните премини Капикуле и Ипсала, утврдено е и името на фирмитешто ја увезле стоката, но на дадените адреси инспекторите наишле на бакалници ипразни станови, а во еден случај и на болница која нема врска случајот, штоупатува на тоа дека станува збор за “фантомски”, односно измислени фирми.

Истрагата што е во тек, треба да покаже и дали воовој криминал постои вмешаност на службениците од царинскиот терминал воХалкали.
 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-10-11
Месиќ: Постои опасност за нова војна на Балканот ... повеќе

2008-10-11
Јерг Хајдер загина во сообраќајна несреќа ... повеќе

2008-10-11
Германија подготвува план за делумна национализација на банките ... повеќе

2008-10-11
Месиќ и Санадер најавија пакет антимафијашки закони ... повеќе

2008-10-11
Нова бензиска станица на Лукоил ... повеќе

2008-10-11
Црна недела за паметење на Македонска берза ... повеќе

» Останати топ вести