ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Регион
Грчки „Космоте“ ќе се преименува во „Т-мобиле“
Атина - 2008-05-11
 
Грчкиот мобиленоператор „Космоте“, во чија сопственост е македонскиот оператор „Космофон“наскоро е биде преименуван во „Т мобиле“, пишува весникот „Елефтерос типос“.

Ребрендирањетое предвидено со договор за стратешко партнерство за државната компанија „ОТЕ“, што наскоро треба да биде потпишан помеѓу грчката влада и раководството нагерманската компанија „Дојче Телеком”.

Надлежната комисија за приватизација даде зелено светлоза склучување на договорот, кој треба уште да биде одобрен од посебна владина комисијаи да биде ратификуван од грчкиот парламент, пишува „Елефтерос типос”.

Според истиотизвор, предвидено е „ОТЕ” да си го задржи името, а неговата компанија ерка „Космоте”, која е присутна на неколку балкански пазари, вклучително и во Македонија, е бидепреименувана во „Т-мобиле”.

Грчкиот весник пишува дека„Дојче телеком” не бил многу заинтересиран за фиксната телефонија на „ОТЕ”, колкушто силно посакува да има контрола над „Космоте”.

„Т-мобиле” е сопственик и нанајголемиот мобилен оператор во Македонија, а останува нејасно како понатаму есе развива пазарот, доколку и вториот мобилен оператор го добие истиот име.

Во Македонија од неодамна сеформираше и трет мобиле оператор, по што Владата најави дека е оди кон понатамошналиберализација со распишување на тендер за четврт мобиле оператор.
 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-10-11
Месиќ: Постои опасност за нова војна на Балканот ... повеќе

2008-10-11
Јерг Хајдер загина во сообраќајна несреќа ... повеќе

2008-10-11
Германија подготвува план за делумна национализација на банките ... повеќе

2008-10-11
Месиќ и Санадер најавија пакет антимафијашки закони ... повеќе

2008-10-11
Нова бензиска станица на Лукоил ... повеќе

2008-10-11
Црна недела за паметење на Македонска берза ... повеќе

» Останати топ вести