ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Македонија
Пресуда за новинар најматно во април
Скопје - 2008-05-11
 
Високатапарична казнашто Основниот суд во Битола му ја изреченовинарот на Битолски весник, по обвинение за навреда на судија на апелациониотсуд во Битола, е најматен настан во април.

Ова е оценка на 18 главни уредници во највлијателни печатени и електронски медиуми воМакедонија, во месечната анкета „Бистро - Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и наневладината организација „Транспарентност - нулта корупција“.

Налистата на бистри настани два предлога имаат по 9 гласови. Тоа се: најавата наАнтикорупциската комисија дека е испитува за одлуката на Владата за 5. 000вработувања во јавната администрација, како акцијата на Сојузот на студентитево борба против корупција.

Oдлуката на Основниот судво Битола да му изрече казна од 700. 000 денари на уредникот на Битолски весник, Методија Младеновски, по само едно рочиште, е најматен настан за половината од18 главни уредници, учесници во анкетата.

Повод е статијата во која е наведенодека локалната полиција поднела прекршочна пријава за возење под дејство наалкохол против заменик претседател на апелациониот суд во Битола. Новинарот тврди дека полицијатаподнела пријава против судијата, дека таа не е реализирана пове е од 18 месеци, како и дека пресудата му е изречена без извршено вештачење.

На второ место на листата најматни настани во април, со шест гласови, се предизборните вработувања. За тоа ве е почнаамеѓусебно да се обвинуваат партиите и од власта и од опозицијата. Партиските вработувања, за жал, середовна пракса пред секои избори и силен адут во кампањата и во обезбедувањегласачи. Овој пат беше вклучена иконкретна бројка за вработување на 5. 000 Албанци во државните институции.

Предвремените избори и корупцискатаспрега меѓу бизнисот и партиите во финансирање на кампањите е на трето место налистата најматни настани. Политичките партии во борба за што пове е гласови неконтролирано трошат пари, а не ги објавуваатизворите иако имаат обврска. Тоа според експертите е простор за политичка корупција, во која многу пари се„вртат во кеш“.

Најавата на Антикорупциската комисија дека е испитува да ли и кога Владатадонела одлука за 5. 000 вработувања во јавната администрација, како и акцијатана Сојузот на студентите во борба против корупција рамноправно го делат првотоместо на листата најбистри настани во април.

Укажувај и дека вовреме на изборниот процес е забрането вработување во јавната администрацијаКомисијата за антикорупција најави дека е испита од каков вид се најавените5. 000 вработувања и да ли за нив се обезбедени средства. Во изборниот процесосвен вработување забранети се вонредни исплати, градежни зафати и други начинина трошење на буџетски пари.

Налистата на бистри настани е и најавата на Сојузот настудентите дека е дели летоци пофакултетите и по студентските домови за да ги поттикне студентите дапријавуваат случаи на корупција во високото образование. За таа намена отворене неодамна и посебен телефонски број - 3221 350.

Анкетата „Бистро - Матно“, во која учествуваат главни уредници нанационални медиуми, како дел од борбата против корупцијата се спроведува оддекември 2004. година. Во анкетата за април учествуваа телевизиите А1, Алсат. Канал 5, Сител и Телма, радио Канал 77, интернет изданието Лоби, дневните веснициБизнис, Вечер, Вест, Време, Дневник, Лајм, Утрински весник, Нова Македонија, неделниците Глобус, Капитал иФокус
 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-10-11
Месиќ: Постои опасност за нова војна на Балканот ... повеќе

2008-10-11
Јерг Хајдер загина во сообраќајна несреќа ... повеќе

2008-10-11
Германија подготвува план за делумна национализација на банките ... повеќе

2008-10-11
Месиќ и Санадер најавија пакет антимафијашки закони ... повеќе

2008-10-11
Нова бензиска станица на Лукоил ... повеќе

2008-10-11
Црна недела за паметење на Македонска берза ... повеќе

» Останати топ вести