|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Утврден редоследот на изборните листи
Скопје - 2008-05-09
Државната изборна комисија (ДИК). денеска со жрепка го утврди редоследот на кандидатските листи за сите шестизборни единици за предвремените парламентарни избори.
Во Изборната единица 1, има најмногу, 16 кандидатски листи, а ги предводи Националната демократска унија. Коалицијата „Сонце” предводена од СДСМ е втора, ДПА е на 6-то место, ДУИ на 10-то, а Коалицијата „За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ на 11-то место.
Во Изборната единица 2, прва налистата е Националната демократска унија. Коалицијата „За подобра Македонија” е на шестото место, ДПА на 8, Коалицијата „Сонце”, на 11-то, а на 13-то ДУИ. Движењето за национално единство на Турците е прво на листата во третата изборна единица на листата се 11 кандидати. ДУИ е на 4-то место, Коалицијата „Сонце” на 6-то, Коалицијата „За подобра Македонија” на 7-то, а ДПА на 10 место.
Во Изборната единица четири, Движењето за национално единство на Турците, е прво на листата. Коалицијата „Сонце” е на 6-то, а Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ на 9-то место.
Во петтата изборна единица прва на листата е Социјалдемократската партија на Македонија, ДУИ е на 2-то место, Коалицијата „Сонце” на 4-то, ДПА на 10-то, а Коалицијата „За подобра Македонија” на 12-то место.
Во Изборната единица шест, прва е Партијата на слободни демократи. ДПА е на 6-то место, Коалицијата „Сонце” на 10-то, Коалицијата „За подобра Македонија” на 11-то, а ДУИ на 12-то место.
Претходно, ДИКедногласно ја поништи веќе потврдената кандидатска листа на ВМРО – НП, бидејќи партијата не го испочитувала рокот за поднесување жиро-сметка за изборната кампања.Оваа партија поднесе кандидатска листа само за шестата изборна единица.
Вонреднитепарламентарни избори во Македонија ќе се одржат на 1 јуни, а изборната кампања почнува на 11 мај на полно.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-05 Петеринг ги повика членките на ЕУ да го ратификуваат Лисабонскиот договор ... повеќе
2008-07-05 Запленети над 12 кг. морфиум на ГП Табановце ... повеќе
2008-07-05 Вацлав Клаус: Можно е проширување на ЕУ ... повеќе
2008-07-05 Републикa Српскa ќе ги тужи ОН и Холандија ... повеќе
2008-07-05 Баша: Албанија е за евроатлантска интеграција на Косово ... повеќе
2008-07-05 Охридскиот аеродром прославува 55 годишнина ... повеќе
» Останати топ вести
|
|