|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Свет
Русија со голема парада го одбележа Денот на победата
Москва - 2008-05-09
Русија го одбележа Денот на победата над фашизмот,со голема воена парада што претпладнево се одржа во центарот на Москва.
Станувазбор за најголемото дефиле од распаѓањето на Советскиот Сојуз, со што бешеодбележана годишнината од победата над нацистичка Германија во 1945 година.
Одсвечената ложа на Црвениот плоштад, военото дефиле го проследија новиот рускипретседател Дмитриј Медведев и неговиот претходник и нов премиер ВладимирПутин.
Министеротза одбрана Анатолиј Сердјуков изврши обиколка на трите рода војска - авијацијата, пешадијата и флотата, чииприпадници беа облечени во нови униформи, креација на познатиот руски стилистВалентин Јудашкин.
„Парадатана која за прв пат во последните 18 години учествува и тешкото вооружување имаза цел да го покаже растечкиот потенцијал на Русија во областа на одбраната“,наведе Путин.
НизЦрвениот плоштад во Москва продефилираа вкупно 8,000 војници, како и 110 видатешко вооружување на руската Армија. Над централниот плоштад прелетаа 32 авионии хеликоптери, вклучувајќи го и стратешкиот бомбардер Тупољев 160.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-05-16 Македонската влада ги прекина кампањите ... повеќе
2008-05-16 Повлечен од употреба кујнски прибор од кинеско потекло ... повеќе
2008-05-16 Бројот на жртвите во Мјанмар се порасна до близу 78.000 ... повеќе
2008-05-16 Фуере-Миловановиќ: Инцидентите не смеат да се повторат ... повеќе
2008-05-16 Редици пред Прва инвестициона банка во Варна ... повеќе
2008-05-16 Наставниците во Франција бесни поради предлогот на Саркози ... повеќе
» Останати топ вести
|
|