ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Македонија
Денот на Европа во Македонија
Скопје - 2008-05-09
 
Денот на Европа, 9. мај, ќе биде одбележан со низа активности во Македонија во организација наДелегацијата на Европската комисија и Секретаријатот за европски прашања восоработка со Европското движење на Македонија.

Евроамбасадорот во Македонија, Ерван Фуере посочидека активностите по повод Денот на Европа оваа година ќе имаат човечкадимензија, со цел да го приближат процесот на евроинтеграција до граѓаните.

Оваа година Европската Унија ја прогласи за „Годинана меѓукултурен дијалог", како една од најтемелните вредности на ЕУ, со мотото „Не се тие и ние, туку јас и ти“. Главнатацел на ЕУ е да се зајакне почитувањето на културната разновидност икоегзистирањето на различните културни идентитети и верувања.

По повод „Денот на Европа“, денеска во Скопје ќебиде одбележан и „Европскиот ден на претприемачот“, во чии што рамки свое обраќањеќе имаат премиерот Никола Груевски, евроамбасадорот Ерван Фуере иградоначалникот на Град Скопје, Трифун Костовски.
Активностите за одбележување на Денот на Европа започнаана 29. април, со отворањето на Европското катче вобиблиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје

На 9. мај 1950 година е направен првиот чекор за создавање на денешната Европскаунија, кога францускиот министер за надворешни работи РобертШуман во Париз ја прочита декларацијатасо која ги повика Франција, Германија и останатите европски земји да ги здружатсвоите производства на јаглен и челик како „прва конкретна основа за создавањена европска федерација“.
 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-04
Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе

2008-07-04
Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе

2008-07-04
Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе

2008-07-04
Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе

2008-07-04
Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе

2008-07-04
Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе

» Останати топ вести