|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Над 100 000 мртви во Мијанмар?
Јангон - 2008-05-08
Американскиотдипломатски претставник во Мијанмар Шери Вилароса информираше дека бројот нажртвите на циклонот Наргис би можел да ја надмине бројката од 100 000.
Вилароса го соопшти ова повикувај исе на анонимна невладина организација.
Локалниот раководител Тин Уинденеска излезе со информација дека само во градот Лабута, ураганот може да убилоколу 80 000 луѓе.
„Градот Лабута се наоѓа во срцето нареката Иравади, која минатиот викенд беше најтешко погодена од Наргис. Од 63села околу Лабута десетици се буквално однесени од стихијата“, изјави Уин.
Владите и хуманитарните организацииниз светот до сега најавија над 28 милиони долари помош за Мијанмар. Американските власти за прв пат понудија над три милиони долари помош и јаповикаа виената хунта која е на власт во Мијанмар да го овозможи влезот нахуманитарните организации во земјата.
Одделот за светска програма за хранапри Обединетите нации (ОН) информираше дека кон погодените области полеталечетири авиони кои треба да го снабдат локалното население со храна, вода илекови.
Хуманитарна помош најави ифранцускиот министер за одбрана Херве Морин, кој на готовс стави два францускивоени бродови.
Сепак, и покрај многубројнатапонудена помош, ОН вчера ја обвини воената хунта дека го одолговлекува влезотна хуманитарните работници, со што ги загрозува и животите на луѓето.
Ситуацијата во загрозените подрачјае тешка освен поради бројот на жртвите, и поради можноста од ширење на заразниепидемии, предизвикани од недостатокот на питка вода, храна, лекови и шатори.
Во Мијанмар во моментов се поплавени5000 квадратни метри земјиште, а помош очајно бараат еден милион луѓе.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-08-20 Стравувања за 150 загинати во авионската несреќа во Мадрид ... повеќе
2008-08-20 Работодавците да го намалат работното време заради жештините ... повеќе
2008-08-20 Истрага за незаконски трансплантации ... повеќе
2008-08-20 Момче и девојка се удавија во Охридското езеро ... повеќе
2008-08-20 Анкета му дава предност на Меккејн пред Обама ... повеќе
2008-08-20 Загинаа 140 лица во авионска несреќа во Мадрид ... повеќе
» Останати топ вести
|
|