|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Тадиќ: Србија нема никогаш да го признае Косово
Охрид - 2008-05-03
Србија никогашнема да ја признае независноста на Косово, изјави денеска на Охридскиот самитсрпскиот претседател Борис Тади , јави дописникот на Макфакс.
„Признавањетона независноста на таканаречената држава Косово претставува опасен преседан којго дестабилизира не само регионот на Југоисточна Европа, туку и целиот свет“, рече Тади.
Според негоунилатералната декларација за независност на Косово всушност претствувадестабилизација на светот која се заканува со насилство во многу сензибилниподрачја во светот.
Србија сосвојата принципиелна политика не го крши меѓународното право туку го бранисвојот територијален интегритет и суверенитет и не сака да учествува вомеѓународен процес кој го загрозува мирот во светот, додаде Тади.
Српскиотпретседател појасни дека интеграцијата на Србија во Европската унија не може дабиде уценувана со независноста на Косово.
„Тоа јас какопретседател никогаш нема да го прифатам“, рече Тади. Тој истовременоискажа големо незадоволство од ослободителната пресуда за поранешниот косовскипремиер Рамуш Хајрадинај и ја поздрави одлуката на Обвинителството запокренување нов процес.
Според негозастрашувачки е што ослободителната пресуда се должи на убивање и застрашувањесведоци во процесот.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-08-20 Стравувања за 150 загинати во авионската несреќа во Мадрид ... повеќе
2008-08-20 Работодавците да го намалат работното време заради жештините ... повеќе
2008-08-20 Истрага за незаконски трансплантации ... повеќе
2008-08-20 Момче и девојка се удавија во Охридското езеро ... повеќе
2008-08-20 Анкета му дава предност на Меккејн пред Обама ... повеќе
2008-08-20 Загинаа 140 лица во авионска несреќа во Мадрид ... повеќе
» Останати топ вести
|
|