ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Македонија
Грција инсистира на вето за Македонија
Атина - 2008-03-31
 
Шефицата нагрчката дипломатија инсистираше денеска дека Атина ќе го блокира влезот наМакедонија во НАТО на претстојниот самит на Алијансата доколку долготрајниотспор со името меѓу двете земји не биде решен.

“Ние постојано јаистакнуваме нашата позиција јасно:Немање решение значи немање покана заприклучување кон НАТО”, изјави Дора Бакојани.

“Наша јасна цел еда се нормализираат целосно односите со (Македонија) засновани на решение штоќе биде заемно договорено”, порача Бакојани.

Македонија, Хрватскаи Албанија се надеваат дека на престојниот самит на Алијансата што ќе се одрживо Букурешт, ќе ја осигураат поканата за прием во НАТО.

И портпаролот нагрчката влада Теодорос Русопулос изјави денеска дека Грција нема да се откажеод заканата да стави вето за приемот на Македонија и под акронимот ФИРОМ,привремено име под кое земјата е примена во Обединетите Нации.

“Ние сторивме семожно да се обидеме да ги убедиме нашите соседи дека тие мора да презематчекори за изнаоѓање решение”, вели Русопулос.

“Секако, ние несме подготвени да правиме какви било отстапки повеќе од оние што веќе гисторивме...праведноста на нашата позиција произлегува од историјата”, речеРусопулос. /крај/кт


 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-03
Големо невреме во скопскиот регион ... повеќе

2008-07-03
Црвенковски го демантира МНР за амбасадорите ... повеќе

2008-07-03
Доставен обдукцискиот наод за смртта на новинарот Танески ... повеќе

2008-07-03
Врачен протест на македонскиот амбасадор во Белград ... повеќе

2008-07-03
Опаѓа бројот на странци кои земаат германско државјанство ... повеќе

2008-07-03
Владеачката турска партија со одбрана пред судот ... повеќе

» Останати топ вести