|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Промовиран припачник „Како се бара работа“
Скопје - 2008-03-31
Прирачник под наслов„Како се бара работа“, кој што има за цел на студентите и дипломираните да имго покаже и олесни начинот на барање на работа, беше промовиран денеска во Скопје.
Идејата за изработка на овој прирачник е поттикнатаод неколку причини, но главната се должи на исклучително високиот степен наневработеност во Македонија.
Воведно обраќање на денешна промоција имашеректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Ѓорѓи Мартиноски, кој истакна дека работата не доаѓа сама по себе,туку во ова динамично време, треба активно да се трага по неа.
Авторите на прирачникот сеРадмил и Лилјана Поленаковиќ, а истиот е финансиран со поддршка на австрискатаАгенција за развој и соработка. (Austrian Development Cooperation).
Прирачникот се обраќадиректно до „работобарачите“, со цел да ги подготви за влезот на пазарот натруд и за беспоштедна борба за нивно позиционирање на посакуваното работноместо.
„Колку и да постојат реалниоправдувања од страна на понудата, на мислење сме дека и самите „работобарачи“не се доволно подготвени да го понудат своето знаење и вештини на правиленначин“, сметаат авторите на прирачникот.
Таквата состојба воопштеството, според нив, се должи на досегашниот образовен систем, во којмладите луѓе никој не ги учел како да бараат работа./крај/ап
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|