ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ

Можна забрана за занимавање со политика за Ѓул и Ердоган
Истанбул - 2008-03-31
 
Уставниот суд на Турција го прифати денес обвинениетона Врховниот републички обвинител од Анкара во кое се бара затворање навладеачката турска Партија на правда и напредок (АКП).

Врховниотобвинител бара и донесување на забрана за бавење со политика за претседателотна државата Абдулах Ѓул и премиерот и лидер на АКП Реџеп Таип Ердоан!

Паралелно со прифа ањето на обвинението во кое се бара затворање наспоменатата партија заради тоа што “станала центар на антисекуларнитеактивности во земјата”, прифатено е и барањето за покренување постапка зазабрана на политичко дејствување на 71 член на АКП, вклучувај и го и претседателотна републиката Абдулах Ѓул, претседателот на партијата и актуелниот премиерРеџеп Таип Ердоан, поранешниот претседател на турскиот парламент Булент Аринч имногу други пратеници и претседатели на општини.

По прифа ањето на обвинението, владеачката АКП има рок од еден месец даподнесе прелиминарна писмена одбрана, по што би можело да биде закажано првотосудско рочиште.

Обвинениетои барањето за затворање на АКП е резултат на пове емесечните криза што настанасо препукувањето меѓу секуларистите и конзервативците уште во мај минататагодина, кога владеачката АКП успеа да го наметне својот кандидат Абдулах Гјулза нов претседател на државата.

Веднаш потоа, со победата на вонредните парламентарни избори, АКП уште пове еја зацврсти власта во земјата. Таа, неодамна, пристапи во Парламентот конизмена на два члена на уставот со кои се дозволува носењето на шамии на факултетите.

Меѓутоа, ова предизвика остри реакции кај секуларистите и републиканците кои, сообразложение дека се прекршени основните принципи на секуларноста на режимот, поднесе до уставниот суд барање за поништување на одлуката на Парламентот.

Во моментоткога се очекуваше одлуката на уставниот суд, претседателот на Високиотпросветен одбор соопшти дека треба да се почне со примената на одлуката заслободно покривање со шамии на факултетите. Ваквото упатство повторно ги дигнана нозе секуларистите и предизвика хаотична состојба на универзитетите, бидејкипове ето, секуларистички настроени ректори, одбија да го применат упатството, што предизвика бројни расправии и инциденти и на крајот кулминираше сообвинението на републичкиот врховен обвинител во кое се бара затворање навладеачката АКП.
 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-08-20
Стравувања за 150 загинати во авионската несреќа во Мадрид ... повеќе

2008-08-20
Работодавците да го намалат работното време заради жештините ... повеќе

2008-08-20
Истрага за незаконски трансплантации ... повеќе

2008-08-20
Момче и девојка се удавија во Охридското езеро ... повеќе

2008-08-20
Анкета му дава предност на Меккејн пред Обама ... повеќе

2008-08-20
Загинаа 140 лица во авионска несреќа во Мадрид ... повеќе

» Останати топ вести