|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Почина актерот Стево Спасовски
Скопје - 2008-03-31
Актерот Стево Спасовски починаденеска во Скопје во 68. година од својот живот.
Тојбеше роден во Скопје, а своите први чекори на театарската сцена ги направи во1960 година во Македонскиот Народен Театар (МНТ), каде остана до 1964 година.
Од1964 до 2001 година беше дел од екипата на Драмскиот театар – Скопје, се допензионирањето.
Спасовски,на двете сцени одигра стотина ролји, за кои ги доби и наградите „11Октомври“(1983), две награди за најдобро актерско остварување „ВојданЧернодрински“(1982 и 1988), две награди на ревијата „Екран“ за актер нагодината (1982 и 1988), наградата „Димче Трајковски“ за епизодна улога, републичкатанаграда „Климент Охридски“(1999).
Овиенагради ги доби за беспрекорно одиграните ликови на Владан во „Косанчиќеввенец“, за Стрезо во „Тетовирани души“ и за Саво во „Клаустрофобична комедија“.
АктеротСпасовски во легендата на македонското глумиште влезе и преку филмот „Солунскиатентатори“(1961), како и преку главните улоги во „Република во пламен“(1969),„Светло Сиво“(1993), како и со улогата во филмот „Преку езерото“(1997).
Спасовскиќе биде погребан во вторник во Скопје, а во Драмскиот театар ќе се одржикомеморативна седница во негова чест./крај/лм
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-20 Србија ги враќа амбасадорите во ЕУ ... повеќе
2008-07-20 Караџиќ, Младиќ и Хаџиќ не се во БиХ ... повеќе
2008-07-20 Деца играле со рачна бомба во Тетово ... повеќе
2008-07-20 Професионални убијци нудат услуги на интернет ... повеќе
2008-07-20 ПКК ги ослободи киднапираните германски туристи ... повеќе
2008-07-20 НАТО го призна убиството на четворица цивили во Авганистан ... повеќе
» Останати топ вести
|
|