|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Зголемен притисокот врз Грција
Атина - 2008-03-31
Вашингтон веќе не гикрие намерите на Скопје да му биде врачена покана за членство во Алијансата,независно од тоа дали ќе биде најдено решение за името.
Ова се наведува воденешниот коментар на влијателниот грчки весник „Та неа“, според којАмериканците, два дена пред самитот на НАТО во Букурешт, јасно настојуваат вопроширувањето на Алијансата да бидат вклучени Хрватска, Албанија и Македонија.
„Сега Американците уштеповеќе инсистираат оваа цел да биде исполнета, откако стана јасно дека нема даможат да ги убедат партнерите, особено Германците, да прифатат идно членство воНАТО за Украина и Грузија“, се вели во коментарот, во кој се додава дека Берлинне сака заострување на односите со Москва.
Според весникот,американскиот државен секретар Кондолиза Рајс остварила телефонски разговор вопетокот со својата грчка колешка Дора Бакојани, на која и ја подвлекланеопходноста на Скопје да му биде врачена поканата.
Во друга статија објавенаво истиот весник се наведува дека се зголемуваат доказите дека посредникотМетју Нимиц ќе излезе со нов предлог.
Темата со името денескадоминира и во другите грчки весници, во кои се констатира дека се зголемувапритисокот на Вашингтон врз грчката влада.
Под наслов „Ветото предпорти-судирот со САД неизбежен“, весникот „Адезмавтос типос“, пишува декаГрците се наоѓаат пред судир со Американците, кои инсистираат на прием наМакедонија во НАТО.
Според „Елефтерос типос“престојните денови ќе бидат многу тешки за премиерот Костас Караманлис, бидејќиветото ќе ја доведе Грција до „дипломатска изолираност“.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-05 Петеринг ги повика членките на ЕУ да го ратификуваат Лисабонскиот договор ... повеќе
2008-07-05 Запленети над 12 кг. морфиум на ГП Табановце ... повеќе
2008-07-05 Вацлав Клаус: Можно е проширување на ЕУ ... повеќе
2008-07-05 Републикa Српскa ќе ги тужи ОН и Холандија ... повеќе
2008-07-05 Баша: Албанија е за евроатлантска интеграција на Косово ... повеќе
2008-07-05 Охридскиот аеродром прославува 55 годишнина ... повеќе
» Останати топ вести
|
|