|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Можна Собраниска седница за името
Скопје - 2008-03-31
Собранието наМакедонија денеска би требало да одржи седница по повод предлогот за името намедијаторот Метју Нимиц.
Седницата беше најавена во петокот по лидерскатасредба на која присуствуваа челниците на најголемите политички партии, но нејзинотоодржување е неизвесно поради разликите околу пристапот.
Одлуката за седницата, треба да биде донесена науште една средба на лидерите на политичките партии, што треба да се одржи претпладнево.
Консултации за предлогот на медијаторот наОбединетите нации (ОН) сино а одржаа претседателот Бранко Црвенковски ипремиерот Никола Груевски.
Предлогот на посредникот Метју Нимиц кон уставнотоиме Република Македонија, во заграда да има и додавка Скопје, предизвика полемикии различни мислења во јавноста и меѓу политичките партии.
Владеачката ВМРО-ДПМНЕ бара за предлогот на посредникот за името да се одлучува на референдум. Кон тојстав се придружија и помалите сателитски партии. Опозициониот СДСМофицијално не се изјасни. Политичките партии на албанците се ДПА и ДУИ се залагаат за членство во НАТО.
Претставници на земјитечленки на НАТО и на Европската унија (ЕУ) ја повикуваат Македонија да гонаправи вистинскиот избор меѓу предлогот за името и членството во НАТО, предсамитот на Алијанса во среда во Букурешт.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-10-07 Грција со најмногу сиромашни работници во ЕУ ... повеќе
2008-10-07 Американскиот секретар за одбрана пристигна во Охрид ... повеќе
2008-10-07 Експерти на НАТО ќе го обновуваат воениот потенцијал на Грузија ... повеќе
2008-10-07 Ватикан стана 187. член на Интерпол ... повеќе
2008-10-07 Околу 60 илјади авганистански бегалци протерани од Пакистан ... повеќе
2008-10-07 Корејска компанија ќе гради фабрика за LCD монитори ... повеќе
» Останати топ вести
|
|