ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Свет
Турската армија го поддржува дијалогот во Кипар
Никозија - 2008-03-30
 
Проектот за мирнипреговори во Кипар денеска доби поддршка и од началникот на турскиотГенералштаб, генерал Јашар Бујуканит.

Тој, како што пренесуваат локалнитемедиуми, предупреди дека турските сили распоредени на островот нема да сеповлечат веднаш по постигнување на конечниот договор.

„Корисно е да се разговара. Проблемите се решаваат преку дијалог“, изјави Бујуканит во кипарско – турскиотдел на Никозија, по четиридневната посета во Севернокипарската турскарепублика, која што е призната единствено од Анкара.

Минатата седмица, новиот кипарскипретседател Деметрис Христофиас и кипарскиот турски лидер Мехмед Али Талат седоговорија за три месеци да ги обноват меѓукипарските мировни преговори, коишто беа блокирани во 2004 година.

Бујуканит ги повика двете страни даги прецизираат своите позиции во однос на мировните преговори, објаснувај идека сака тие да се темелат на почитување на суверенитетот и правата наСевернокипарската турска република.

Турскиот генерал посочи дека повлекувањетона речиси 40-те илјади турски војници, распоредени во северниот дел наостровот, нема да се случи веднаш по склучувањето на договорот.

Турската армија го оправдува военотоприсуство во Кипар со договорите за независност од 1960 година, чии што гарантоисе Грција, Турција и поранешната колонијалистичка сила Велика Британија.
 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-10-07
Грција со најмногу сиромашни работници во ЕУ ... повеќе

2008-10-07
Американскиот секретар за одбрана пристигна во Охрид ... повеќе

2008-10-07
Експерти на НАТО ќе го обновуваат воениот потенцијал на Грузија ... повеќе

2008-10-07
Ватикан стана 187. член на Интерпол ... повеќе

2008-10-07
Околу 60 илјади авганистански бегалци протерани од Пакистан ... повеќе

2008-10-07
Корејска компанија ќе гради фабрика за LCD монитори ... повеќе

» Останати топ вести