|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Последни проверки на безбедност пред самитот на НАТО
Букурешт - 2008-03-30
Последни проверкина капацитетот на полицијата за осигурување на безбедноста во текот напретстојниот самит на НАТО во Букурешт се одржуваат деновиве.
Околу 12 илјади припадници наМинистерството за внатрешни работи, во рамки на последните проверки, ќесимулираат предвидливи сценарија.
Сообраќајот на магистралите нароманската престолнина за време на самитот ќе биде ограничен, особено по ониешто ќе минува колоната од аеродромот до зградата на Парламентот, во која ќе сеодржи средба на Алијансата наредната недела.
Рестрикции ќе се воведат и на трасата дохотелот каде ќе бидат сместени официјалните гости и до местото каде ќе сеодвиваат разни акции поврзани за самитот, соопшти Министерството за внатрешниработи.
Изведени се и симулации наинтервенции во случај на протестни маршеви и митинзи или во случај на терористичкинапади, акции за спречување и гаснење на поажри и експлозии.
За време на одржувањето на НАТОсамитот, околу 34 илјади припадници на полицијата ќе ја осигуруваат безбедностана официјалните лица, но и нормална атмосфера на во сите зони на Букурешт.
Специјалните мерки за безбедност сепреземени и во зоната на Црното море каде во Констанца или во Нептун, на2.април ќе се одржи билатерален состанок на претседателите на Романија и на САДТрајан Басеску и Џорџ Буш.
Самитот на НАТО во Букурешт сеодржува од 2. до 4.април каде ќе учествуваат три илјади официјални лица, од кои24 шефови на држави и 26 шефови на влади, а најавени се и 3.500 претставници намедиумите./крај/бе/ис
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-20 Србија ги враќа амбасадорите во ЕУ ... повеќе
2008-07-20 Караџиќ, Младиќ и Хаџиќ не се во БиХ ... повеќе
2008-07-20 Деца играле со рачна бомба во Тетово ... повеќе
2008-07-20 Професионални убијци нудат услуги на интернет ... повеќе
2008-07-20 ПКК ги ослободи киднапираните германски туристи ... повеќе
2008-07-20 НАТО го призна убиството на четворица цивили во Авганистан ... повеќе
» Останати топ вести
|
|