|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Грчката Влада доби доверба во парламентот
Атина - 2008-03-29
Грчкиот парламентсо тесно мнозинство синоќа и изгласа доверба на Владата на премиерот КостасКараманлис.
Парламентот гласаше за доверба навладиниот кабинет на барање на опозиционата Пасок поради усвоените законскиизмени во пензискиот систем.
Од вкупно 300 пратеници, противпредлогот на опозицијата гласаа 152 пратеници, сите од партијата НоваДемократија на премиерот Караманлис.
За недоверба на Владата се изјаснија103-та пратеници на Пасок, 22 од Комунистичката партија и 14 од радикалнаталевица Сириза. Десетте пратеници од крајно десната партија Лаос се воздржаа одгласање.
Во рамките на тридневнатапарламентарна дебата, Караманлис ја заштити програмата на својата Влада, вокоја за предвидените реформи е клучен законот за пензискиот систем.
„Сакам да се гласа за доверба, за даможат да продолжам со нашата програма и да се исправам пред идните предизвици“,рече Караманлис во обраќањето пред пратениците.
Грчкиот премиер ја обвини Пасок заполитички опортунизам, популизам и стерилна опозиција /крај/афп/бгнес/ег/
.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-03 Големо невреме во скопскиот регион ... повеќе
2008-07-03 Црвенковски го демантира МНР за амбасадорите ... повеќе
2008-07-03 Доставен обдукцискиот наод за смртта на новинарот Танески ... повеќе
2008-07-03 Врачен протест на македонскиот амбасадор во Белград ... повеќе
2008-07-03 Опаѓа бројот на странци кои земаат германско државјанство ... повеќе
2008-07-03 Владеачката турска партија со одбрана пред судот ... повеќе
» Останати топ вести
|
|