|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Рамсфелд – Грчки тактики на заплашување од минатиот век
Њујорк - 2008-03-28
Грција гозагрозува приемот на Македонија во НАТО, а со тоа и стратешкиот интерес нацелата Северноатлантската Алијанса, користејќи се со тактики на заплашување коибеа карактеристични за минатиот век.
Ова го посочи поранешниот американски државенсекретар за одбрана Доналд Рамсфелд во авторски текст под наслов „Проширувањето на НАТО треба да продолжи”, објавен денеска во угледниотамерикански весник „Wall StreetJournal“, јавува Макфакс.
Рамсфелдсугерира Грција да го следиинтересот на целата Северноатлантската Алијанса и да не го попречува приемот наМакедонија во НАТО наметнувајќи ирелевантен „семантички спор“.
„Грција се заканува со вето за влезот на Македонија, бидејќи Македонијаодбива да го смени своето име. Иднината на Северноатланската алијанса инејзиниот кредибилитет како угледен политички и воен инструмент на светскитедемократии, се премногу важни за да бидат спречени од неважни спорови околусемантиката или од тактики на заплашување кои беа карактеристични за минатиотвек“, наведува Рамсфелд.
Спореднего, „не постои подобар начин за НАТО да оди напред од давање покани за членствона Македонија, Албанија и Хрватска“ на самитот во Букурешт.
Рамсфелдпосочува дека трите балкански држави ги исполниле потребните критериуми зачленство и веќе придонесуваат кон клучните мировни мисии на НАТО, повеќеотколку многу други држави членки.
„Вовреме кога европската посветеност кон мисијата на НАТО во Авганистан е доведенаво прашање, посветеноста на Македонија, Албанија и на Хрватска е јасна. Тритебалкански држави, заедно имаат повеќе од 650 војници стационирани воАвганистан, како и во мисијата во Ирак.Можеби најважното во врска со слабоститешто ги покажа НАТО е дека Македонија, Албанија и Хрватска испратија своивојници во Авганистан и Ирак и презедоа тешки мисии коишто неколку сегашничленки на Алијансата не беа подготвени да ги преземат“, пишува Рамсфелд.
Тојукажува дека „проширувањето на НАТО со Македонија, Албанија и Хрватска, како иградењето поблиски врски со Украина и Грузија, ќе помогне за смирување на какваи да е загриженост дека Алијансата повеќе ја нема колективната цврстина за тешкитезадачи што и претстојат“
„МакедонијаАлбанија и Хрватска денес се подготвени да ги прифатат тие одговорности.Самитот во Букурешт нуди шанса за унапредување на интересите на сите 26 членкина НАТО со проширување на Алијансата. Сега не е време за сомнежи. Сега е времеза американско и европско лидерство“, заклучува поранешниот американски државен секретар ДоналдРамсфелд во авторски текст под наслов „Проширувањето на НАТОтреба да продолжи”, илустриран со слика на државните знамиња на трите членки наЈадранската повелба../крај/ег/
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-20 Србија ги враќа амбасадорите во ЕУ ... повеќе
2008-07-20 Караџиќ, Младиќ и Хаџиќ не се во БиХ ... повеќе
2008-07-20 Деца играле со рачна бомба во Тетово ... повеќе
2008-07-20 Професионални убијци нудат услуги на интернет ... повеќе
2008-07-20 ПКК ги ослободи киднапираните германски туристи ... повеќе
2008-07-20 НАТО го призна убиството на четворица цивили во Авганистан ... повеќе
» Останати топ вести
|
|