|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Опасниот хрватски генерал Иван Кораде во бегство
Загреб - 2008-03-28
Хрватскатаспецијална полиција се уште е во потрага по пензионираниот генерал Иван Кораде, кој се поврзува со грозоморно четирикратно убиство.
Во потрагата се вклучени над 300специјалци, оклопни возила и хеликоптер, а известена е и словенечката полицијаза можноста опасниот, веројатно, оружен човек да пребега преку граница.
Хрватската полиција го сомничипензионираниот генерал, кој за време на војната ја загубил левата рака, заубиство на неговиот најблизок соработник Давор Петриш (36), чие тело билопронајдено во Вараждин завчера вечер.
Петриш бил застрелан во двете очи иво главата, а на телото имало и траги од мачење, дознаваат хрватските гласила.
По пронаоѓањето на телото на Петришполицијата ја пребарала ку ата на Кораде и при тоа пронашла уште тројца убиени. Станува збор за најблиската соседка на пензионираниот генерал Цилка Худи (62)и нејзиниот внук Горан (15), а телото на 64 годишниот Фрањо Кос, билопронајдено во ку а оддалечена петстотини метри.
Тројцата биле застрелани со истпиштол, соопшти полицијата, врз основа на пронајдените чаури, а во вратот наКос имало и нож. Неофицијално за време на убиството во ку ата на Кос, ималоуште еден човек, кој е повреден.
Според првичните информации грабежоткако мотив за убиствата се отфрлува бидеј и станува збор за релативно скромнилуѓе.
Истовремено во хрватското Загорје восемејна ку а избувнал пожар во кој загинале две лица, а постојат индиции дека итој случај е поврзан со претходните.
Хрватските гласила јавија и дека воЗагреб е пронајдена девојката на убиениот Петриш, врзана, без облека, исфрленаод автомобил.
Давор Петриш, кој за време нататковинската војна бил соборец на Кораде во специјалната бригада „Тигри“ во деведесеттитегодини на минатиот век е осуден на шестгодишен затвор поради убиството надвајца војници. Петриш го извршил убиството во присуство на Кораде.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-10-07 Грција со најмногу сиромашни работници во ЕУ ... повеќе
2008-10-07 Американскиот секретар за одбрана пристигна во Охрид ... повеќе
2008-10-07 Експерти на НАТО ќе го обновуваат воениот потенцијал на Грузија ... повеќе
2008-10-07 Ватикан стана 187. член на Интерпол ... повеќе
2008-10-07 Околу 60 илјади авганистански бегалци протерани од Пакистан ... повеќе
2008-10-07 Корејска компанија ќе гради фабрика за LCD монитори ... повеќе
» Останати топ вести
|
|