ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Македонија
„Елефтеротипија“: Предлогот на Нимиц не е последен
Атина - 2008-03-27
 
Новиот предлог наМетју Нимиц за името на Македонија не е последен, изјавил висок американскифункционер за грчкиот весник „Елефтеротипија.

Според весникот,на тој начин се зацврстува убедувањето дека американскиот Стејт департмент предсредбата на НАТО во Букурешт ќе ја одоброволи Атина со едно алтернативно име(Горна Македонија).

Слична атмосферапреовладувала и на кратката средба меѓу помошник-државниот секретар на САДДаниел Фрид и грчкиот амбасадор во Вашингтон Александрос Маљас.

Спорединформациите, грчкиот амбасадор му објаснил на Фрид дека Атина не може да го прифатипредлогот на Нимиц, на што од другата страна му било одговорено дека тоа не еконечен предлог.

Шефицата нагрчката дипломатија Дора Бакојани денеска изјави дека новиот предлог на Нимицнема да ги реши недоразбирањата меѓу двете земји.

Според Бакојани,самитот во Букурешт не е краен рок за решавање на проблемот и дека преговоритеможат да продолжат и подоцна.

„Ако Скопје гипрекине преговорите, тогаш одговорот е едноставен“, рече Бакојани, коментирајќиги најавите на македонскиот премиер Никола Груевски и шефот на дипломатијатаАнтонио Милошоски, дека Македонија ќе ги прекине преговорите доколку Грција насамитот на НАТО во Букурешт стави вето на приемот на земјата во Алијансата. /крај/фк/б/ст


 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-05-16
Македонската влада ги прекина кампањите ... повеќе

2008-05-16
Повлечен од употреба кујнски прибор од кинеско потекло ... повеќе

2008-05-16
Бројот на жртвите во Мјанмар се порасна до близу 78.000 ... повеќе

2008-05-16
Фуере-Миловановиќ: Инцидентите не смеат да се повторат ... повеќе

2008-05-16
Редици пред Прва инвестициона банка во Варна ... повеќе

2008-05-16
Наставниците во Франција бесни поради предлогот на Саркози ... повеќе

» Останати топ вести