|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Свет
Енцелад има основни услови за живот
Вашингтон - 2008-03-27
Основните елементи потребни за живот – вода,топлина и органски материи, се наоѓаат на малата месечина на Сатурн – Енцелад.
Ова го соопштија научниците по анализата на содржината, што ја исфрлуваатголеми гејзири на неговата површина.
Научниците ги опишаа посматрањата на вселенското летало Касини за време нанеговиот прелет над Енцелад на 12 март во рамките на истражувањата на Сатурн инеговите сателити.
Американско-европската мисија научници соопшти дека не е откриен било каковвистински доказ за живот на таа месечина, но нејзините гејзири постојано исфрлуваатгасови и пареа во Вселената.
Главна состојка што излегува од гејзирите е водената пареа, но има и метан,јаглерод диоксид и јаглерод моноксид.
Енцелад има дијаметар од помалку од 500 километри и за него се веруваше дека естуден и неактивен, бидејќи до него допира многу малку сончева светлина.
Научниците сега утврдија дека тоа е геолошки активна месечина, која иманевообичаено топол јужен дел (кој сепак според нашите стандарди е леден) изначајна атмосфера. /крај/мп
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-05-16 Македонската влада ги прекина кампањите ... повеќе
2008-05-16 Повлечен од употреба кујнски прибор од кинеско потекло ... повеќе
2008-05-16 Бројот на жртвите во Мјанмар се порасна до близу 78.000 ... повеќе
2008-05-16 Фуере-Миловановиќ: Инцидентите не смеат да се повторат ... повеќе
2008-05-16 Редици пред Прва инвестициона банка во Варна ... повеќе
2008-05-16 Наставниците во Франција бесни поради предлогот на Саркози ... повеќе
» Останати топ вести
|
|