|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Без решение за одвивањето на настава во Струга
Струга - 2008-03-26
Решение за начинот на којпонатаму ќе се одвива наставата во струшките училиштата не е пронајдено ни по синоќешната средба на родителите, со локалната идржавната власт.
Учениците Македонци, како што јавува дописникот на Макфакс, и натаму ја бојкотираат наставата и рекоадека нема да се вратат на настава се додека не бидат воведени етнички смени.
Тие синоќа добија отворенаподдршка од нивните родители кои сметаат дека поделбата на учениците по етничкаоснова може да ги спречи масовните тепачки помеѓу учениците и инцидентите коиги подгреваат тензиите во Струга.
Наспроти нив, родителите Албанцисметаат дека е неприфатливи да се прават поделбите по етничка основа. Според нив политиката длабоко е навлезенаво училиштата и таквата состојба мора да се надмине.
Противвоведувањето јазични смени е и градоначалникот Мерко кој смета дека тоа водикон сегрегација.
„Струга етолерантен град и ние мора изнајдеме начин како да ја надминеме оваа состојба,но пред се децата треба да ги вратиме на училиште“,рече Мерко.
Навчерашната средба присуствуваа претставници на Министерството за образование, налокалната самоуправа, раководителите научилиштата „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ во Струга и стотина родители на ученици. /крај/гм/ап/
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|