|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Отфрлен српскиот предлог за поделба на Косово
Приштина - 2008-03-25
Косовските властикатегорично го отфрлаат како крајно неприфатлив најновиот предлог на Белград заподелба на Косово по етнички линии.
Ова денеска го изјави косовскиотпремиер Хашим Тачи, коментирајќи го предлогот што го упати министерот во српскатаВлада за Косово Слободан Самарџиќ, пренесува Макфакс.
Тачи рече дека Косово сега епризната држава и оти за сите прашања одлучуваат косовските институции восоработка со меѓународната заедница.
Територијалниот интегритет на Косовое неприкосновен и неделив, и тоа треба да му биде јасно на Белград, укажа Тачи.
Од друга страна, УНМИК денеска одбида го коментира предлогот на Белград.
Портпаролот на Мисијата на ОН наКосово Александар Иванко изјави дека е нацрт документот што Самарџиќ го предална УНМИК е испратен во Њујорк, од каде наскоро се очекува одговор.
Одбивајќи да го коментирадокументот, Иванко ја пренесе изјавата на заменикот шеф на УНМИК Лари Росин декапоедини сегменти од нацрт предлогот за функционална поделба на Србите иАлбанците не се во согласност со мандатот на УНМИК. /крај/фонет/ег/
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-20 Србија ги враќа амбасадорите во ЕУ ... повеќе
2008-07-20 Караџиќ, Младиќ и Хаџиќ не се во БиХ ... повеќе
2008-07-20 Деца играле со рачна бомба во Тетово ... повеќе
2008-07-20 Професионални убијци нудат услуги на интернет ... повеќе
2008-07-20 ПКК ги ослободи киднапираните германски туристи ... повеќе
2008-07-20 НАТО го призна убиството на четворица цивили во Авганистан ... повеќе
» Останати топ вести
|
|