ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Македонија
Доделени наградите за најдобра истражувачка сторија
Скопје - 2008-03-25
 
Новинарот Борис Георгиевски од дневниот весник„Утрински весник“ ја доби наградата за Најдобра истражувачкасторија за 2007 година, која што ја доделува Македонскиот институт за медиуми(МИМ).

Георгиевские награден за темата „Случајот Ибраим Сулејмани“. Сторијата открива едно судење кое се одвивало во тајност, судење во кое пресудата е донесена врз сомнително толкување на законите. Сулејмани е првиот осуден за воени злосторства во Македонија, кој веќе пет години е во затвор, иако за експертите и од највисоките судски органи е се уште мистерија како е тоа можно, имајќи го предвид законот за амнестија од 2002 година.

Вторатанаграда отиде во рацете на новинарката Маја Блажевска од телевизијата „А1“, засторијата „Бездомник наместо милионер – приказна за Идриз Идризи од малаРечица“.

Третатанаграда за Најдобра истражувачка сторија ја добија новинарите Џелал Незири иМарјан Николовски за сторијата објавена во дневните весници „Факти“ и „Вечер“ „Потрагите на корупцијата во верските институции во Македонија”.

Комисијатагодинава одлучи да додели и Плакета за исклучителен придонес во развојот наистражувачкото новинарство во Македонија на информативната емисија „КОД“ на телевизијаА1. Оваа емисија годинава остави посебен печат и отвори нова страница замакедонското истражувачко новинарство.

Оваа година,седма по ред, на конкурсот кој што беше отворен од 15. јануари до 15. февруари 2008 година, се пријавија вкупно 38новинари и редакции со вкупно 64 стории објавени во медиумите во Македонија вотекот на минатата година.
 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-04
Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе

2008-07-04
Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе

2008-07-04
Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе

2008-07-04
Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе

2008-07-04
Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе

2008-07-04
Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе

» Останати топ вести