ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Македонија
Македонско-руските економски односи не се на потребно ниво
Скопје - 2008-03-25
 
Економскиот односипомеѓу Македонија и Русија во последните години бележат подем, но не сеодвиваат со посакуваниот обем и динамика, и постои голем нереализиранпотенцијал.

Ова беше констатирано на денешната деловна средбаорганизирана од Македонско-Руската стопанска комора на тема „До ЕУ и прекуекономска соработка со Русија“.

Економските показатели меѓу двете земји гипретстави рускиот амбасадор во Македонија Владимир Дмитриевич Солоцински, којистакна дека во 2007 година обемот на трговската размена достигна 670 милионидолари, што е за 12 отсто повеќе од лани.

Според него, ниту една од државите не може да бидезадоволна од ваквиот резултат, иако тој е најдобар за последните 15 години.

Причините се што Македонија бележи исклучителновисок дебаланс во трговската размена со Русија, додека руската страна не езадоволна поради фактот што дури 80 отсто од нејзиниот извоз во Македонијаотпаѓа на јагленохидратните енергенси.

Констатирајќи дека Македонија чекори кон интеграцијаво ЕУ и НАТО, што е нејзин суверен избор, Солоцински изрази уверување дека тоанема да создаде пречки во унапредувањето на руско-македонската економскасоработка.

„Нашето мислење по некој политички прашања понекогаш е различно од мислењето на македонскиот раководство, но таквитеразидувања не смеат да влијаат на нашите економски односи, рече Солоцински.

Вицепремиерот Зоран Ставревски нагласи дека Македонијана патот кон ЕУ и НАТО има и стратешки интерес да ги негува и развиватрадиционално добрите односи со Русија.

„Со интегрирањето на Македонија во ЕУ, РускатаФедерација ќе добие голем пријател и сојузник во европското семејство, аевроинтеграцијата позитивно ќе влијае и на македонско-руската економскасоработка,“, рече Ставрески

На денешната средба станазбор и за потребата од мотивирањето на македонските стопански субјекти да гоискористат милионскиот руски пазар./крај/ап/


 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-04
Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе

2008-07-04
Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе

2008-07-04
Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе

2008-07-04
Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе

2008-07-04
Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе

2008-07-04
Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе

» Останати топ вести