|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Застој во ЕУ - интеграцијата на Балканот
Подгорица - 2008-03-25
Западен Балканможе да се соочи со сериозен застој во евроинтеграцијата, поради прогласувањетона косовската независност, оцени високиот функционер на Пактот за стабилностГоран Свилановиќ.
Според него, Европската унија биморала да ги охрабри државите од западен Балкан по решително да тргнат вопроцесот на присоединување, што би можело да влиијае на намалување на кризатапредизвиканата од независноста на Косово.
„Државите од регионот треба да покажати доза на храброст и дрскост, и на извесен начин да вршат притисок врз Брисел ичленките на ЕУ што поскоро да ги реализираат одлуките донесени на состаноцитезападен Балкан – ЕУ“, изјави Свилановиќ.
Тој посочи дека тоа е огромна работаза ЕУ, но оти ако се продолжи со одолговлекување и оспорување на процесот наинтеграција, кризата предизвикана од косовската независност, може да биде уштеподраматична.
Свилановиќ оцени дека ЕУ соиспраќањето мисија во Приштина, презела одговорност не само за состојбата воКосово, туку и во целиот регион./крај/фонет/ег/
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-03 Големо невреме во скопскиот регион ... повеќе
2008-07-03 Црвенковски го демантира МНР за амбасадорите ... повеќе
2008-07-03 Доставен обдукцискиот наод за смртта на новинарот Танески ... повеќе
2008-07-03 Врачен протест на македонскиот амбасадор во Белград ... повеќе
2008-07-03 Опаѓа бројот на странци кои земаат германско државјанство ... повеќе
2008-07-03 Владеачката турска партија со одбрана пред судот ... повеќе
» Останати топ вести
|
|