|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Министерството против етнички смени во струшките училишта
Скопје - 2008-03-25
Министерството за образование не се согласува со предлогот за воведувањеетнички смени во средните училишта „ Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ во Струга.
Овој став го изнел државниот секретар во министерството за образование (МОН), ПероСтојаноски на средбата со претставници на струшката локална самоуправа,раководителите на училиштата и претставници на советите на родители од среднитеучилишта што се одржа вчера попладне.
На средбата било истакнато дека МОН не прифаќавоведување етнички смени, но ќе помогне во подобрување на техничките услови занепречено одвивање на наставата во средните училишта „Нико Нестор“ и „ ИбраимТемо“.
Конечниот став околу барањата на ученицитеМакедонци за воведување етнички смени во училиштата ќе биде донесен на средбаташто вечерва ќе се одржи помеѓу претставници на министерството за образование,локалната самоуправа, раководствата и училишните одбори на средните училишта воСтруга.
Во меѓувреме учениците Македонци продолжуват да јабојкотираат наставата во училиштата со барање да бидат воведени етнички смени,како решение за зачестените меѓуетнички конфликти во училиштето, што неодамнаескалираа со масовни тепачки./крај/гм/ил
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|