|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
КЗК: Карла дел Понте лаже
Приштина - 2008-03-25
Претставници наКосовскиот заштитен корпус (КЗК) ги негираа тврдењата на бившата хашка обвинителкаКарла дел Понте дека припадници на ОВК тргувале со органи на киднапирани Срби.
“Не е вистина, може да пишува кој што сака, но во тоа нема ништо вистинито“, изјави портпаролотна КЗК Шемси Суља за денешен приштински “Коха Диторе“.
Тој додава декатврдењата на Дел Понте се “апсурдни“.
Бившатаобвинителка на Хашкиот трибунал, во својата книга “Лов“, објави дека припадницина ОВК киднапирале Срби од Косово и ги префрлувале во северна Албанија каде имбиле вадени органите поради продажба.
Ипотпретседателот на Алијансата за иднина на Косово Ахмет Исуфи ги отфрлиобвиненијата на Карла дел Понте.
“Ваквитеобвиненија се пред се политички што секој може да ги воочи, а не самополитичарите“, рече претставникот на Алијансата. /крај/бе/ис
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-08-20 Стравувања за 150 загинати во авионската несреќа во Мадрид ... повеќе
2008-08-20 Работодавците да го намалат работното време заради жештините ... повеќе
2008-08-20 Истрага за незаконски трансплантации ... повеќе
2008-08-20 Момче и девојка се удавија во Охридското езеро ... повеќе
2008-08-20 Анкета му дава предност на Меккејн пред Обама ... повеќе
2008-08-20 Загинаа 140 лица во авионска несреќа во Мадрид ... повеќе
» Останати топ вести
|
|