|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Милошоски: Мала надеж да се постигне договор
Скопје - 2008-03-25
Македонија сметадека се уште има мала надеж да се постигне договор за името пред Самитот наНАТО, изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.
“Се уште има маланадеж да се постигне договор пред Самитот“, рекол Милошоски синоќа заагенцијата Асошиејтед прес во телефонска изјава од Скопје.
Според него,доколку Грција стави вето на приемот на Македонија во Алијансата, тогаш Скопјеќе ги прекине преговорите.
“Тие(преговорите) би биле бесмислени“, додал Милошоски.
Тој изразува подготвеност на Македонија на компромиспреку решение кое би било “разумно“ и не го поткопува македонскиот идентитет.
“Подготвени сме да разгледаме нешто што го сметамеза достоинствено, разумно и не ги поткопува нашите основни права и идентитет“,вели Милошоски.
Според него, Македонија нема да прифати промена штоќе навлезе во македонскиот национален и лингвистички идентитет, наведувајќидека “името на Македонија не е само име, туку камен темелник на нашиотнационален идентитет“.
Нова рунда разговори за разликите околу името меѓуМакедонија и Грција под покровителство на ООН започнува попладнево во Њујорк, ане е исклучена можноста тие да продолжат и в среда.
По преговорите во Њујорк е најавена средба нашефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција Антонио Милошоски и ДораБакојани, во рамките на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ,што треба да се одржи во петок и во сабота во Словенија./крај/ап/ис
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-03 Големо невреме во скопскиот регион ... повеќе
2008-07-03 Црвенковски го демантира МНР за амбасадорите ... повеќе
2008-07-03 Доставен обдукцискиот наод за смртта на новинарот Танески ... повеќе
2008-07-03 Врачен протест на македонскиот амбасадор во Белград ... повеќе
2008-07-03 Опаѓа бројот на странци кои земаат германско државјанство ... повеќе
2008-07-03 Владеачката турска партија со одбрана пред судот ... повеќе
» Останати топ вести
|
|