ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Македонија
Нова рунда разговори за името
Скопје - 2008-03-25
 
Нова рунда разговори за разликите околу иметопод покровителство на ОН започнува попладнево во Њујорк, а не е исклученаможноста тие да продолжат и во среда.

Медијаторот Метју Нимиц треба да има одвоени средбисо македонскиот и грчкиот преговарач, амбасадорите Никола Димитров и АдамантиосВасилакис. Димитров по консултациите на државниот врв рече дека ќе настапи сопрецизни и јасни инструкции.

Сепак медиумите јавија за разлики меѓупретседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски околу начините какода се реши прашањето, односно за името за меѓународна употреба.

Владата повторно јаактуелизира опцијата граѓаните на референдум да се изјаснуваат за предлозите соимето. Повеќето експертите сметаат дека референдум би можел да се организираоткако Македонија ќе добие покана за членство во НАТО.

На разговорите во Њујорк веројатно ќе се разговараза американските предлози за надминување на разликите, што беа изнесени насредбата во Брисел меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција,Антонио Милошоски и Дора Бакојани

Двајцата министри би требало да одржат уште еднасредба кон крајот на неделава на Брдо кај Крањ во Словенија.

Грција се заканува дека со вето ќе го блокиравлезот на Македонија во НАТО, ако до самитот во Букурешт на почетокот на април,не се најде решение за името. Во разговорите за името што се водат во рамкитена ОН, се вклучи официјален Вашингтон, во обид името да не биде пречка заприемот на Македонија во НАТО./крај/ил


 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-05
Петеринг ги повика членките на ЕУ да го ратификуваат Лисабонскиот договор ... повеќе

2008-07-05
Запленети над 12 кг. морфиум на ГП Табановце ... повеќе

2008-07-05
Вацлав Клаус: Можно е проширување на ЕУ ... повеќе

2008-07-05
Републикa Српскa ќе ги тужи ОН и Холандија ... повеќе

2008-07-05
Баша: Албанија е за евроатлантска интеграција на Косово ... повеќе

2008-07-05
Охридскиот аеродром прославува 55 годишнина ... повеќе

» Останати топ вести