ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Регион
Почина Борис Дворник
Сплит - 2008-03-24
 
Еден од најголемитехрватски актери, Борис Дворник почина изутрината во сплитската болница во 69-татагодина од животот, од засега непознати причини, јави Радио Далмација.

Дворник е роден на 16 април 1939 година воСплит, а со актерство започнал да се занимава уште во раното детство, учествувајќиво повеќе детски претстави, каде што бил откриен неговиот голем талент.

Борис Дворник изгради кариера на актер, без когохрватската филмска и театарска сцена бешеречиси незамислива.

Славата ја стекна во сериите „Мало мисто“ и „Веломисто“, а има настапувано во над 40 долгометражнииграни филмови, како и во бројни телевизиски серии и краткометражни филмови.

Добитник е на бројни награди, а своевремено важеше за најголема филмскаѕвезда во поранешна Југославија, заедно со Милена Дравиќ, Љубиша Самарџиќ иБата Живоиновиќ, со кого на крајот беа во лоши односи.

По осамостојувањето на Хрватска, Дворник влезе вополитички води како пратеник на ХДЗ, но набргу се повлече изјавувајќи дека тоаво неговата кариера не му требало.

Борис Дворник последните години ги полнешехрватските весници не само со неговите актерски успеси, туку и со борбатапротив алкохолот и неколкуте инциденти што ги предизвикал во пијана состојба. /крај/их/ап/


 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-20
Србија ги враќа амбасадорите во ЕУ ... повеќе

2008-07-20
Караџиќ, Младиќ и Хаџиќ не се во БиХ ... повеќе

2008-07-20
Деца играле со рачна бомба во Тетово ... повеќе

2008-07-20
Професионални убијци нудат услуги на интернет ... повеќе

2008-07-20
ПКК ги ослободи киднапираните германски туристи ... повеќе

2008-07-20
НАТО го призна убиството на четворица цивили во Авганистан ... повеќе

» Останати топ вести