|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Свет
Повеќе од 50 загинати во напади во Ирак
Багдад - 2008-03-23
Повеќе од 50 лицазагинаа, а речиси 60 се ранети во денешните напади во Ирак, од кои два сеслучија во „зелената зона“ во Багдад, јавуваат медиумите.
Вооружени лицаотвориле оган врз минувачи во трговски центар во Багдад, при што седуммина сеубиени, а 16 се ранети. Напаѓачите успеале да побегнат.
Во шиитскиот делна Багдад малку подоцна експлодирал автомобил бомба, при што пет луѓе загинале.
Најмалку пет луѓезагинале во ракетен напад во источниот дел на Багдад, а полицијата соопшти декае убиен еден минувач во северниот дел на градот.
Два нападиденеска се случиле и во добро обезбедуваната „зелена зона“ во Багдад, но немаложртви.
Освен во Багдад,денеска напади се случиле и во Мосул, каде загинале 12 ирачки војници, а 35 серанети во самоубиствен бомбашки напад.
Во Киркук воексплозија на бомба загинале четири војници, соопштуваат болнички извори.
Американскатавојска соопшти дека во провинцијата Дијала убила 12 бунтовници, кои наводно сеобидувале да извршат самоубиствени напади.
Вооружени лицакај Бакуба го убиле генералот на ирачката полиција Акрам Авад, како и еденминувач.
Во центарот наБакуба, во судир на вооружени лица и цивили, загина едно лице, како и две децакои активирале експлозивна направа. /крај/б/ст
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-20 Србија ги враќа амбасадорите во ЕУ ... повеќе
2008-07-20 Караџиќ, Младиќ и Хаџиќ не се во БиХ ... повеќе
2008-07-20 Деца играле со рачна бомба во Тетово ... повеќе
2008-07-20 Професионални убијци нудат услуги на интернет ... повеќе
2008-07-20 ПКК ги ослободи киднапираните германски туристи ... повеќе
2008-07-20 НАТО го призна убиството на четворица цивили во Авганистан ... повеќе
» Останати топ вести
|
|