ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Македонија
Рекорден пораст на БДП од 5,1 насто
Скопје - 2008-03-23
 
Изминатата година е регистриран пораст на Бруто домашниот производ (БДП) од5,1 отсто, што е највисок пораст на економската активност од 1991 година, наваму.

Ова денеска го изјави вицепремиерот Зоран Ставревски, повикувајќи се напоследните податоци на Државниот завод за статистика.

Освен порастот на БДП, Ставревски информираше дека странските директни инвестиции за минатата годинаизнесуваат 240 милиони евра, за 106 милиони евра се зголемени девизните резерви, а забележано е намалување и на стапката на невработеност.

Економските резултати за 2007 година, според вицепремиерот, се карактеризираат со динамичен економски раст, зголеменаинвестициона активност, пораст на странските директни инвестиции, умерен порастна инфлацијата, умерено намалување на стапката на невработеност и зголемувањена платите и пензиите.

Последниот тренд пак, на зголемувањето на инфлацијата, според Ставревски седолжи на зголемувањето нацените на храната и на енергијата, што пак било тренд во глобални рамки. /крај/ме/мс


 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-04
Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе

2008-07-04
Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе

2008-07-04
Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе

2008-07-04
Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе

2008-07-04
Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе

2008-07-04
Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе

» Останати топ вести