ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Македонија
Димитров со јасни инструкции за следната рунда преговори
Скопје - 2008-03-23
 
Преговарачот воспорот со името Никола Димитров добил прецизни инструкции за преговорите што вовторник треба да се одржат во Њујорк.

На средбата на државниот врв, штосиноќа се одржа во Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, на Димитровму биле дадени јасниинструкции како ќе настапи на њујоршката рунда македонско-грчки разговори воспорот за името.

Вчерашната средба во кабинетот на Претседателот доаѓа по петочнатабриселска средба на шефовите на дипломатиите Милошоски и Бакојани, на којаштоприсуствуваа амбасадорката на САД во НАТО Нуланд и помошникот државен секретарДаниел Фрид и на која беа понудени идеи и размислувања како да се надминепроблемот за разликите околу името.
Преговарачот Никола Димитров за телевизијатаА1 изјави дека македонските позиции се јасни, со силни и издржани аргументи, адека тој на средбата во Њујорк оди со прецизни инструкции.

Вчера претседателот Црвенковски воОхрид изјави дека тој е за формулација со разумен компромис.

„Ако се најде формулација која ќебиде користена за меѓународна употреба, а различна од уставното име, но воистовреме не го загрозува националниот идентитет, тогаш за тоа вреди да серазмисли“, рече вчера Црвенковски.

Лидерот на Нова социјалдемократскапартија(НСДП) Тито Петковски, од говорницата на вчерашниот прв партискиконгрес, порача дека можен е компромис со додавка на името за меѓународнаупотреба.

„Ние по ова прашање имаме достаразлични ставови со господинот Петковски, меѓутоа остануваат денови во коиштоќе се обидеме да ги надминеме тие разлики и сепак да дојдеме до решение што ќебиде добро за Република Македонија“, рече Никола Груевски, кој присуствувашекако гостин на конгресот на коалициониот партнер во Владата НСДП.

Дел од грчките медиуми, по средбатаво петокот меѓу министрите за надворешни работи на Грција и Македонија Бакојании Милошоски, излегоа со некакви предлози - „Република Нова Македонија“ или„Нова Република Македонија“. /крај/а1/ст


 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-03
Големо невреме во скопскиот регион ... повеќе

2008-07-03
Црвенковски го демантира МНР за амбасадорите ... повеќе

2008-07-03
Доставен обдукцискиот наод за смртта на новинарот Танески ... повеќе

2008-07-03
Врачен протест на македонскиот амбасадор во Белград ... повеќе

2008-07-03
Опаѓа бројот на странци кои земаат германско државјанство ... повеќе

2008-07-03
Владеачката турска партија со одбрана пред судот ... повеќе

» Останати топ вести