ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Македонија
Црвенковски: Загрижува насилството врз етничка основа кај средношколците
Охрид - 2008-03-22
 
Социјалните потреси може да предизвикаат неконтролирано однесување намладите но, насилството помеѓу средношколците на етничка основа уште повеќезагрижува.

Ова денеска, како што јави дописникот на Макфакс, во Охрид го изјавипретседателот Бранко Црвенковски на Конференцијата посветена на македонскатамултиетничност.

„Во последно време, сведоци сме на вознемирувачки настани во некои училиштасо мешан етнички состав каде по пат на физичка сила, гнев и бруталност се предизвикуваатсвоите врсници. Од друга страна, насилството помеѓу средношколците на етничкаоснова загрижува уште повеќе ако овие млади луѓе се подбуцнуваат од политичкитепартии“, изјави Црвенковски.

На конференцијата што се одржува во рамките наманифестацијата „Денови на пријателство“, учествуваат ученици од средните училишта во Македонија, нивнитепрофесори, претставници на НВО, претставници на дипломатскиот кор и експерти.

Средношколците, како и мнозинството учесници на настанот, се согласија декаконфликтите помеѓу младите во училиштата настануваат поради тоа што тиенедоволно се познаваат.

„Во Тетово многу добро се сложуваме со учениците Македонци, но учимеодвоени и не се познаваме доволно што мислам дека е една од причините за конфликтипомеѓу младите“, смета Шпенза Арифи, ученик од Тетово.

Кристина Јосифоска, ученик од Дебар, пак, укажува дека големо влијание врзоднесувањето на децата имаат родителите кои понекогаш не им дозволуваат да седружат со врсниците од друга етничка заедница.
 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-20
Србија ги враќа амбасадорите во ЕУ ... повеќе

2008-07-20
Караџиќ, Младиќ и Хаџиќ не се во БиХ ... повеќе

2008-07-20
Деца играле со рачна бомба во Тетово ... повеќе

2008-07-20
Професионални убијци нудат услуги на интернет ... повеќе

2008-07-20
ПКК ги ослободи киднапираните германски туристи ... повеќе

2008-07-20
НАТО го призна убиството на четворица цивили во Авганистан ... повеќе

» Останати топ вести