|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Форд официјално ја презема Аутомобиле Крајова
Букурешт - 2008-03-21
Автомобилскатакомпанија Форд денеска официјално ја презема романската фабрика АутомобилеКрајова, што е оценето како „историски“ момент за Романија.
Договорот запреземање на романската фабрика за автомобили беше потпишан во присуство на романскиотпретседател Трајан Басеску, премиерот Калин Попеску Таричеану и претседателотна Форд за Европа Џон Флеминг.
Договорот заприватизација на Аутомобиле Крајова беше потпишан во септември 2007. година, сокој е предвидено Форд да купи 72,4 отсто од акциите на романската фабрика поцена од 57 милиони евра, да вложи 675 милиони евра директни инвестиции вомодернизација на производството, како и да го зголеми бројот на вработени од3.900 на 9.000.
Форд за четиригодини ќе произведува по 300.000 автомобили годишно, а 90 отсто одпроизводството ќе оди на извоз.
Преземањето нафабриката беше во застој бидејќи Европската комисија(ЕК) во октомври минататагодина започна да ја преиспитува приватизацијата, но кон крајот на февруари2008 година оцени дека Романија при продажбата и поставила одредени услови накомпанијата Форд, а за возврат прифатила пониска цена за фабриката.
ЕК смета дека вотекот на приватизацијата Форд добил илегална државна субвенција од 27 милиониевра што не е во согласност со слободниот пазар.
Романија воавгуст 2006. година купи пакет од 51 отсто од акциите на Аутомобиле ДаевуКрајова од јужнокорејската компанија Даеву Мотор за 60 милиони долари, за даможе повторно да ја приватизира фабриката. /крај/б/ст
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-20 Србија ги враќа амбасадорите во ЕУ ... повеќе
2008-07-20 Караџиќ, Младиќ и Хаџиќ не се во БиХ ... повеќе
2008-07-20 Деца играле со рачна бомба во Тетово ... повеќе
2008-07-20 Професионални убијци нудат услуги на интернет ... повеќе
2008-07-20 ПКК ги ослободи киднапираните германски туристи ... повеќе
2008-07-20 НАТО го призна убиството на четворица цивили во Авганистан ... повеќе
» Останати топ вести
|
|