|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
ЗНМ реагира на информирањето на Сител за преговорите за името
Скопје - 2008-03-21
Советот на честапри Здружението на новинарите на Македонија(ЗНМ), реагира на непрофесионалнотои необјективното информирање на ТВ Сител за разговорите меѓу Грција иМакедонија во врска со спорот со името.
Според ЗНМ, уредникотна вестите Ивона Талевска, на 17. 03. 2008 година во најавата на вестите во 18часот, извртувајќи ги фактите ја дезинформираше јавноста дека „Грција вложилавето за членството на Македонија во НАТО“.
Советот на честаоценува дека со таквото однесување уредничката Талевска го прекрши првиот членод Кодексот на новинарите кој бара да се објавуваат „точни и проверениинформации и да не се прикриваат суштински факти“.
Талевска,повикувајќи се на информацијата за трите предлози на Нимиц извлечезаклучок дека Грција вложила вето замакедонското членство во НАТО, иако преговорите во Виена не се место каде тааземја може да стави вето на македонската кандидатура.
Советот сметадека овој случај претставува грубо прекршување на етичките вредности ипрофесионалните стандарди кое од новинарите бара при пренесувањето наинформациите „да бидат чесни и објективни“. /крај/со/ст
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-20 Србија ги враќа амбасадорите во ЕУ ... повеќе
2008-07-20 Караџиќ, Младиќ и Хаџиќ не се во БиХ ... повеќе
2008-07-20 Деца играле со рачна бомба во Тетово ... повеќе
2008-07-20 Професионални убијци нудат услуги на интернет ... повеќе
2008-07-20 ПКК ги ослободи киднапираните германски туристи ... повеќе
2008-07-20 НАТО го призна убиството на четворица цивили во Авганистан ... повеќе
» Останати топ вести
|
|