|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Дел Понте: ОВК продавала органи на неалбанските заробеници
Приштина - 2008-03-21
Криминал со трговијана органи на Србите и другите етнички малцинства од Косово во периодот на1999-та година, откри Хашкиот трибунал, истражувајќиго криминалот извршен од Ослободителна војска на Косово (ОВК).
Ова се наведува во книгата „Лов“, на поранешниот главен обвинител на Хашкиот трибунал, Карла Дел Понте, којатврди дека криминалот бил вршен со органите на киднапираните Срби и друготонеалбанско население од Косово, кое исчезнало „веројатно по бомбардирањето наНАТО, кога во покраината веќе беа присутни меѓународните миротворни сили“.
Во операцијата за шверцувањето наорганите кои биле продавани на странски клиники, според Дел Понте, активноучествувале високи членови на ОВК, чии што имиња таа не ги посочува.
Криминалот своевремено го открилегрупа „надежни“ новинари, кои случајот го откриле на службите на УНMИК.
„Во летото 1999-та година,косовските Албанци, со камиони префрлиле околу 300 киднапирани неалбанци, воКукс и Тропоја, северниот дел на Албанија. Младите и здрави затвореници помедицинските прегледи биле префрлани во затворите во Бурел и околината. Луѓето потоа биле префрлани во барака, којa се наоѓала зад некоја жолта куќа,оддалечена 20 километри од Бурел. Во таа куќа се вршеле операциони зафати, кадехирурзи ги ваделе органите на жртвите. Органите потоа преку аеродромот Ринаскај Тирана, биле пренесени во хируршки клиники во странство, за клиенти кои веќе имале платено за органите“, пишуваДел Понте.
Откривајќи го целиот процес, таа сеповикува на извор, кој лично учествувал во доставувањето на органите допосочениот аеродром.
„По вадењето на едниот бубрегжртвите повторно биле затворани во истата барака, каде знаејќи каква судбина гиочекува мoлеле веднаш да бидат убиени“, тврди Дел Понте.
Меѓу затворениците, освен луѓе одКосово, имало и жртви од Албанија, Русија и поранешните југословенскирепублики.
Други двајца анонимни извори напоранешната хашка обвинителка и откриваат дека „го помагале погребувањето нателата на жртвите околу жолтата куќа и соседните гробишта“.
По добивањето на информациите,случајот го истражувал и тим на Хашкиот трибунал, кој на почетокот на 2003година, заедно со новинари и тогашниот албански обвинител, ја посетиле „жолтатакуќа“ која тогаш била пребојадисана во бела боја, но сепак се надзирал и слојотод жолтатa боја.
Во спорната куќа пронајдени се празникеси за инфузија, крв, шприцеви, шишенца од лекарства меѓу кои имало и такви заопуштање на мускулите. Докторите од судската медицина кои исто така биле дел одтимот, сепак не можеле да утврдат дали се работи за човечка крв.
На крај, обвинителите утврдиле декапронајдените докази се недоволни, пишува Дел Понте.
Сите лица, пак, за кои изворите на Дел Понте тврдат декаприсуствувале во спорните логори во Албанија, во летото 1999-та се прогласениза исчезнати и од тогаш никој не ги видел, пишува во книгата „Лов“. /крај/Мирјана Стојановска
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-20 Деца играле со рачна бомба во Тетово ... повеќе
2008-07-20 Професионални убијци нудат услуги на интернет ... повеќе
2008-07-20 ПКК ги ослободи киднапираните германски туристи ... повеќе
2008-07-20 НАТО го призна убиството на четворица цивили во Авганистан ... повеќе
2008-07-20 Ахмадинеџад задоволен од преговорите во Женева ... повеќе
2008-07-20 Типична македонска прослава во Овчарани ... повеќе
» Останати топ вести
|
|