|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Дел Понте: ОВК продавала органи на неалбанските заробеници
Приштина - 2008-03-21
Криминал со трговијана органи на Србите и другите етнички малцинства од Косово во периодот на1999-та година, откри Хашкиот трибунал, истражувајќиго криминалот извршен од Ослободителна војска на Косово (ОВК).
Ова се наведува во книгата „Лов“, на поранешниот главен обвинител на Хашкиот трибунал, Карла Дел Понте, којатврди дека криминалот бил вршен со органите на киднапираните Срби и друготонеалбанско население од Косово, кое исчезнало „веројатно по бомбардирањето наНАТО, кога во покраината веќе беа присутни меѓународните миротворни сили“.
Во операцијата за шверцувањето наорганите кои биле продавани на странски клиники, според Дел Понте, активноучествувале високи членови на ОВК, чии што имиња таа не ги посочува.
Криминалот своевремено го открилегрупа „надежни“ новинари, кои случајот го откриле на службите на УНMИК.
„Во летото 1999-та година,косовските Албанци, со камиони префрлиле околу 300 киднапирани неалбанци, воКукс и Тропоја, северниот дел на Албанија. Младите и здрави затвореници помедицинските прегледи биле префрлани во затворите во Бурел и околината. Луѓето потоа биле префрлани во барака, којa се наоѓала зад некоја жолта куќа,оддалечена 20 километри од Бурел. Во таа куќа се вршеле операциони зафати, кадехирурзи ги ваделе органите на жртвите. Органите потоа преку аеродромот Ринаскај Тирана, биле пренесени во хируршки клиники во странство, за клиенти кои веќе имале платено за органите“, пишуваДел Понте.
Откривајќи го целиот процес, таа сеповикува на извор, кој лично учествувал во доставувањето на органите допосочениот аеродром.
„По вадењето на едниот бубрегжртвите повторно биле затворани во истата барака, каде знаејќи каква судбина гиочекува мoлеле веднаш да бидат убиени“, тврди Дел Понте./продолжува во рубрикаТема/
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|