ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Македонија
Средба Бакојани – Милошоски во Брисел
Скопје - 2008-03-21
 
Министрите за надворешни работи на Македонијаи Грција треба да се сретнат денеска, во рамки на напорите за постигнувањерешение за разликите околу името.

Средбата на министрите АнтониоМилошоски и Дора Бакојани треба да се одржи денеска во Брисел во присуство напомошникот државен секретар на САД, за Европа, Даниел Фрид.

Цел на средбата е да се помогне наиницијативата на Обединетите нации за решавање на прашањето за разликите околуимето меѓу Македонија и Грција.

Повикувајќи се на западни дипломатски извори, скопската телевизија А1 објави дека Стејт Департмент подготвува документ кој денеска во Брисел ќе им биде понуден за потпис на македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи.

Меморандумот со кој треба двете земји да се обврзат дека ќе продолжат на пријателски начин да работат на решавање на прашањето за името во интерес на регионот се подготвува од страна на тимот на американскиот дипломат Фрид.

Според истите извори, доколку Атина и Скопје го прифатат барањето на САД за безусловно итно решавање на прашањето за името, по преговорите закажани за наредната недела во Њујорк, каде ќе се разработуваат детали, би можело да дојде до уште една нова средба на високо политичко ниво под покровителство на Вашингтон.

Американскиот претседател Џорџ Буш вчера изрази загриженост дека прашањето за името може да го загрози проширувањето на НАТО. Тој, сепак, изрази оптимизам дека до самитот на НАТО Македонија и Грција ќе постигнат договор./крај/ис/ег/


 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-04
Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе

2008-07-04
Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе

2008-07-04
Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе

2008-07-04
Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе

2008-07-04
Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе

2008-07-04
Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе

» Останати топ вести