|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Најстариот жител на Балканот откриен во Македонија
Штип - 2008-03-20
Човечки скелет што датира 7,000 години пред новата ера открија денеска македонските археолози, кои претпоставуваат дека станувазбор за најстариот неолитски жител на Балканот.
Скелетот е откриен на археолошкиот локалитет Грнчарица, кај штипското село Крупиште.
„Ако се земе во предвид дека населбата е една од најстарите на Балканот и ова е погребување во една најстара населба, најнормално дека тоа е најстариот човек на овој простор", изјави археологот Трајанка Јовчевска.
Скелете пронајден во типична положба за погребувањата во периодот на неолитот.
„Погребаниот е поставен на левата страна во една згрчена положба, нозете му се високо до черепот, рацете исто така собрани", рече Јовчевска.
Неолитскиотскелет е пренесен во Скопје на натамошна антрополошката анализа.
Најстарата неолитска населба во Македонија, Грнчарица, беше откриена сосема случајно минатата година од тимот на археолози што работат на локалитетите покрај цевководот на хидросистемот Злетовица./крај/а1/ег/
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|