ГЛАВНО МЕНИ
•  Туризам
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Impressum
 
 
 СТАРИ ВЕСТИ
Македонија
Цар Самоил починал тешко ранет на 70 години
Софија - 2008-03-20
 
Цар Самоилпочинал на 70 години од тешка рана во пределот на левата слепочница, соопштијаденеска бугарските научници по реконструкција на черепот на македонскиотвладетел од 11 век.

„Најверојатно, цар Самоил сакал дасе заштити во битка и ги подигнал двете раце нагоре, при што горните екстремитетиму биле искршени“, изјави денеска директорот на Институтот за антропологија прибугарската Академија на науките, професор Јордан Јорданов, при претставувањетона реконструираниот череп на македонскиот цар.

Според бугарските научници, Самоил не биллекуван од тешките повреди, на што укажува дека искршените коски почнале дазаздравуваат многу накриво.

Покрај ова, Самоил со сигурност неможел да се храни, бидејќи му била повреден и долниот дел од вилицата, соопштиЈорданов.

Реконструкцијата на черепот на царСамоил траела околу пет месеци.

Скелетот на македонскиот цар еоткриен во саркофаг на јужниот брег на Преспанското езеро во 1969 година, нагрчка територија.

Археологот Николаос Муцопулос открилчетири саркофага и само едниот од нив не бил ограбен. Черепот и три коски одпосмртните останки на цар Самоил грчките археолози им ги предадоа на бугарскитенаучници.

Цар Самоил владеел со големотоСамоилово царство кое се протегало на територијата на денешните РепубликаМакедонија, Албанија, Србија, Црна Гора, северозападна Грција и северна изападна Бугарија, на преминот од 10 кон 11 век.

Неговите престолнини биле во Охрид иПреспа.

Според досегашните историските сознанија,Самоил (956 г) починал неколку месеци по битката наБеласица, на 26 јули 1014 година, во која неговата војска била поразена од византискиотцар Василиј II.

Во битката биле ослепени 14,000војници на Самоил, од кои секој стоти бил оставен со едно здраво око за да можеда ги води останатите./крај/бгнес/ег/


 
 
 

 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-20
Деца играле со рачна бомба во Тетово ... повеќе

2008-07-20
Професионални убијци нудат услуги на интернет ... повеќе

2008-07-20
ПКК ги ослободи киднапираните германски туристи ... повеќе

2008-07-20
НАТО го призна убиството на четворица цивили во Авганистан ... повеќе

2008-07-20
Ахмадинеџад задоволен од преговорите во Женева ... повеќе

2008-07-20
Типична македонска прослава во Овчарани ... повеќе

» Останати топ вести