|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Грчка поддршка за Албанија и Хрватска, но не и за Македонија
Тирана - 2008-03-20
Грција целосно гоподдржува приемот на Албанија и Хрватска во НАТО, но не и на Македонија ако него смени ставот за името.
Ова е оценката нашефот на грчката дипломатија Дора Бакојани, која денеска во Тирана се среќава соалбанскиот државен врв.
„Цели 17 годинисе преговара околу името и поради немање резултати, тоа негативно ќе влијае врзразвојот во регионот“, се закани Бакојани, во врска со преговорите меѓуМакедонија и Грција околу разликите со името.
Грција, спореднеа, ги анализира состојбите во регионот бидејќи “Атина е заинтересирана за мири стабилност“.
Според Бакојани,“доколку БЈРМ не го смени ставот околу името, нема да ја добие поддршката наГрција за влез во НАТО“, што не важи и за Албанија.
“Несогласувањатана Грција со БЈРМ нема да влијаат врз интеграцијата на Албанија во НАТО“,изјави Бакојани по средбата со албанскиот министер за надворешни работи ЛулзимБаша.
Таа додаде декаоценката за прием во НАТО ќе се врши според индивидуален развој на државите,бидејќи, како што посочи “тоа е став на НАТО“.
Предвидени сесредби на Бакојани во текот на денот и со премиерот Сали Бериша, претседателотна државата Бамир Топи и претседателката на Собранието Јозефина Топали.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... повеќе
2008-07-04 Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... повеќе
2008-07-04 Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... повеќе
2008-07-04 Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... повеќе
2008-07-04 Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... повеќе
2008-07-04 Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... повеќе
» Останати топ вести
|
|